Дописници МКДОпштински вести

НРЦ бара суштинска примена на законите за бесплатни прегледи за бремените жени и родилки

Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово, денеска на градскиот плоштад со креативна уметничка акција го привлече вниманието на случајните минувачи за (не)соодветниот пристап на бремените жени до гинеколошките услуги. На овој начин, НРЦ го актуелизира проблемот за подобар пристап на бремените жени и родилките до бесплатните здравствени услуги.

Куманово, 28 декември 2020 (МИА) – Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово, денеска на градскиот плоштад со креативна уметничка акција го привлече вниманието на случајните минувачи за (не)соодветниот пристап на бремените жени до гинеколошките услуги. На овој начин, НРЦ го актуелизира проблемот за подобар пристап на бремените жени и родилките до бесплатните здравствени услуги.

– Целта на акцијата е да се актуализираат проблемите во јавност и да се испрати порака до надлежните за овозможување на подобар пристап на бремените жени до гинеколошките услуги, бидејќи 74 проценти од жените Ромки плаќаат за бесплатните прегледи за време на бременост, иако сите бремени жени и родилки имаат право на бесплатни здравствени услуги. Перформансот на плоштадот е со поставување на колички за бебиња, а истите после акцијата ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства, односно на бремени жени и родилки, а дизајнираните пораки се засновани на секојдневните случувања, лични искуства, животни приказни пренесени преку пишани пораки со акцентирање на проблемите со кои се соочуваат бремените жени во пристапот до гинеколошки услуги-изјави Ќани Мустафовски од НРЦ.

Случајните минувачи и другите актери имаа можност да ги прочитаат пораките и директно да видат со какви проблеми се соочуваат бремените жени, посебно со наплатата на бесплатните прегледи за време на бременост, злоупотребата на бесплатен ехо преглед кој чини 300 денари, микробиолошките брисови 300 денари и наплатата за мајчина книшка, 500 денари или пакет за една бремена жена чини 1.100 денари.

– Со цел да се одговори на потребата за пристап до здравствена заштита, Владата на Република Северна Македонија секоја година донесува едногодишни превентивни програми, кои се реализираат преку јавно здравствени установи. Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Северна Македонија е донесена со цел континуирано унапредување на здравјето на децата и жените во репродуктивниот период. Посебен фокус е ставен на ранливите групи на населението (жени Ромки, жени од рурални средини, жени од социјално ранливи категории). Програмата се реализира преку координирано спроведување на есенцијални јавно – здравствени услуги, во кои како извршители се вклучени повеќе здравствени институции (Центри за јавно здравје, Здравствени домови, болници) и здруженија на граѓани-вели Мустафовски.

НРЦ заедно со Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците (Скопје), Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп), Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество Македонија, во општина Куманово ја спроведе креативна уметничка акција за подобар пристап на бремените жени до гинеколошки услуги.

Уставот гарантира универзален пристап за здравствена заштита на сите граѓани, а законот за здравствена заштита како и Законот за здравствено осигурување обезбедуваат еднаквост во пристапот до здравствените установи почитувајќи го правото на еднаквост на сите граѓани, појаснуваат од НРЦ.

Но, и покрај голем број на Закони, подзаконски акти и програми донесени од Министерство за здравство, граѓаните секојдневно при остварување на своите со Закон загарантирани права, наидуваат на проблеми од причина што законите се недоволно прецизни – двосмислени и различно се применуваат во пракса од институциите кои ги спроведуваат, појаснува извршниот менаџер на НРЦ, Ашмет Елезовски.

– Мајките треба целосно да бидат заштитени и се, согласно законите, н матичните лекари добиваат средства за прегледите. Но и покрај тоа наплатуваат. Реагиравме неколку пати на ниво на Куманово и на ниво на државата и не само за жените Ромки, генерално за сите жени кои се обратија-вели Елезовски.

Иако, мерките кои се предвидени во програмите за бесплатни гинеколошки прегледи на бремени жени, сепак, гинеколозите ги наплаќаат, велат од НРЦ од каде додаваат дека и проценките на Светската здравствена организација, нотира дека причината за смртта е како последица на компликации за време на бременост и породување, што процентуално 94 проценти од жените кои го изгубиле животот потекнуваат од земји со низок економски развој.

Висок е процентот на неискористеност на бесплатните гинеколошки прегледи на бремени жени, достави податоци НРЦ според кои неискористеноста се движи помеѓу 74 и 90 проценти, според нивни истражувања, неискористеност на бесплатните лабораториски прегледи за бремените жени во текот на бременоста. Тенденцијата постои и кај неискористеност на бесплатна фолна киселина за секоја бремена жена кој достигнува дури и до 95 отсто. ам/нд/

Back to top button
Close
Close