Дописници МКДОпштество

Новозаразените со КОВИД-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Новозарезените во штипскиот регион од коронавирусот се контакти или членови на семејства на текстилни работници од две штипски конфекции, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип. Во Штип денеска има нови 14 позитивни случаи на Ковид 19. Активниот број на случаи во моментов е 182 лица, а денеска официјално се оздравени 16 лица.

Штип, 26 јуни 2020 (МИА) – Новозарезените во штипскиот регион од коронавирусот се контакти или членови на семејства на текстилни работници од две штипски конфекции, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип. Во Штип денеска има нови 14 позитивни случаи на Ковид 19. Активниот број на случаи во моментов е 182 лица, а денеска официјално се оздравени 16 лица.

Во моментов во изолација и самоизолација има над 400 лица од Штип. По спроведениот скрининг на вработените во детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ се уште се чекаат резултатите за дваесеттина вработени и тоа од градинката „Астибо“.

По објавувањето на списокот на лица кои одбиваат да дадат точни податоци на епидемиолозите е и лице со име и презиме Тони Ѓеорѓиев од Штип. Со вакво име и презиме е и штипскиот пожарникар Тони Ѓеорѓиев, кој се обрати до МИА и вели дека од утринава мобилниот телефон постојано му ѕвони и го прашуваат во каква здравствена состојба и зошто одбил да даде точни податоци на епидемиолозите. Тој со часови им објаснувал  дека не е тој од списокот, иако има исто име и презиме.

-Во Штип знам и тоа лично најмалку три лица со име и презиме како моето, Тони Ѓеорѓиев, затоа кога ќе се објавуваат вакви списоци нека се наведе улица и број или од која фирма е лицето, а не само да се објави име и презиме, бидејќи на тој начин се нанесува штета на останатите, вели Ѓеорѓиев.

Забележа дека е здрав и не е еден од позитивните случаи во Штип, бидејќи е одговорен како пожарникар, а и  постојано се заштитуваат неговото семејство и колегите на работното место во Територијалната противпожарна единица. вдј/вј/

Back to top button
Close
Close