СветСвет.Портал

Новоизбран бискуп поднесе оставка по обвинувањето дека злоставувал деца

Католички бискуп во САД поднесе оставка помалку од три месеци по неговото назначување, поради обвинувања дека злоставувал деца.

Вашингтон, 7 септември 2020 (МИА) – Католички бискуп во САД поднесе оставка помалку од три месеци по неговото назначување, поради обвинувања дека злоставувал деца.

Ватикан објави дека бискупот Микел Мулој (66) поднел оставка, без да соопшти за причината.

Сепак, бискупијата на Рапид Сити, во Јужна Дакота, објави дека два месеци откако бил назначен, таа била известена за обвинувањата против Мулој за сексуално злоставување на малолетници во раните 1980-ти. Молој поднел оставка кога дознал за развојот на ситуацијата. ссм/

Back to top button
Close
Close