0_Македонија.ПорталKultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Новогодишно-божиќен концерт во Велес

Општина Велес синоќа го организираше традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на кој  настапија Балетското студио „Анабела“ и Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“. Студиото и хорот во кои членуваат деца  минатата година добија признание „9 Ноември“. 

Велес, 10 јануари 2020 (МИА) – Општина Велес синоќа го организираше традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на кој  настапија Балетското студио „Анабела“ и Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“. Студиото и хорот во кои членуваат деца  минатата година добија признание „9 Ноември“. 

Концертот со соло настап, варијација на класичениот балет „Есмералда“, го отвори младата балерина – деветтоодделенката Дора Пајдакова  членка од ова студио. Потоа малите балерини на „Анабела“ настапија со „Божиќна песна“ и „Валцер на замрзнатите цветови“  на кореографија на Цеца Пајдакова,  кореограф и основач на студиото.

Во вториот дел на концертот, публиката уживаше во хорската  изведба на членовите на Детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“  под диригентство на професорката Веселинка Маџарова. Тие ги изведоа народната божиќна песна „Вечниот бог“, „Днева Дњес“ од Александар Касталски, „Тивка ноќ“ од Франц Грубер како и „Pie Jesu“ од Ендру Лијд Вебер со солистите Јелена Илиќ и Катерина Вишинова во пијано придружба на Габриела Бачманова. Хористките изведоа и други новогодишни и божиќни песни традиционални и познати во европските земји, како и македонската народна божиќна песна „Небо и земја“ .

Балетското студио „Анабела“ кое постои 24 години учествувало на многу домашни и меѓународни натпревари и е добитник на бројни награди и признанија. Детскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“  постои од 2012 година и е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди во Русија, Белорусија, Украина, Црна Гора. Минатата година на Меѓународниот фестивал  во Чанаккале во Турција го освоија второто место меѓу 44 хора од 11 земји. ад/хс/

Back to top button
Close
Close