ОпштествоСкопје

Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд на плоштад „Македонија“

Плоштадот „Македонија“ утре ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

Скопје, 21 декември 2019 (МИА) – Плоштадот „Македонија“ утре ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“.

– Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и „Нонстоп“. Дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе, велат од Град Скопје.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници, а утре и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат во овој потфат. бт/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close