Видео изјаваОпштински вестиСкопје

Ново зеленило во дворот на СУГС „Никола Карев“

СУГС „Никола Карев“ во Скопје е едно од трите средни училишта чии дворови се раззеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. За таа цел денеска училиштето го посетија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – СУГС „Никола Карев“ во Скопје е едно од трите средни училишта чии дворови се раззеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. За таа цел денеска училиштето го посетија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Макрадули изјави дека станува збор за околу 7.000 метри кавадратни кои се комплетно реконструирани, поставен е посебен автоматски систем за наводнување кој е од бунар. Засадени се 40 листопадни, 40 зимзелени дрвја и украсни грмушки, а во зависност од временските услови ќе бидат засадени и плодородни дрвја и ароматични растенија кои, како што рече, се најдобри за апсорбирање на аерозагадувањето.

– Ова во иднина е парк. Идејата е заедно со Земјоделскиот факултет, поддржувајќи го проектот „Зелен лист, воздух чист“ дворовите на сите средни училишта да бидат паркови во кои ќе уживаат учениците и оние што живеат блиску до овие површини, нагласи Макрадули.

Шилегов информира дека Град Скопје аплицирал на јавниот повик на Владата за реализација на оваа програма со проекти за раззеленување на средните училишта во Скопје.

– Добивме средства во висина од околу 2,8 милиони денари, со кои ги уредуваме училишните дворови на три средни училишта. Најголемиот двор е во „Никола Карев“ со површина од вкупно 7.000 метри квадратни, во „Раде Јовчевски – Корчагин“ двор со површина од околу 1.500 квадратни метри и во „Димитар Влахов“ површина од околу 1.000 квадратни метри каде што целосно е обновено зеленилото и е поставен систем за наводнување, што ги прави лесни за одржување, рече Шилегов.

Тој додаде дека на овој начин се реализира концептот на Градот сите дворови на средните училишта да станат мини паркови и изрази надеж дека кога ќе се намали деструктивноста кај граѓаните, ќе се отстранат оградите на средните училишта и ќе се користат како јавен простор.

– Борбата со аерозагадувањето е перманентна. Борбата со аерозагадувањето е секојдневна, мерките се најразлични, вклучувајќи и ваков вид зеленило, како и зеленилото што кога ќе стане потопло, исто така, ќе се засади во овој двор. И само со посветена и заедничка соработка на единиците на локалната самоуправа, Град Скопје, Министерството за животна средина, Владата и граѓаните можеме да успееме во таа битка, нагласи Шилегов. мд/са/

Изјави на Макрадули и Шилегов во СУГС “Никола Карев”

Posted by MИА.mk on Петок, 24 јануари 2020

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close