Дописници МКДОпштество

Ново улично осветлување во населбата „Карпош” во Битола

Јавното Претпријатије „Комуналец“ Битола, продолжи со замена на старите со нови лед светилки на уличното осветлување. Резултатите од акцијата денеска беа презентирани пред градоначалничката Наташа Петровска, каде се истакна дека по 43 години целосно е заменето уличното осветлување во една од најголемите градски населби „Карпош“

Битола, 10 февруари 2020 (МИА) –  Јавното Претпријатије „Комуналец“ Битола, продолжи со замена на старите со нови лед светилки на уличното осветлување. Резултатите од акцијата денеска беа презентирани пред градоначалничката Наташа Петровска, каде се истакна дека по 43 години целосно е заменето уличното осветлување во една од најголемите градски населби „Карпош“. Во просторот меѓу зградите, паркови површини и места за одмор и рекреација, ЈП „Комуналец” Битола, во изминатиов период постави нови канделабри со фенери.

Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлување кое е инсталирано и во населбата Стрелиште, а во мометов имаме работни активности кај зградите од населба РЕМО. Покрај тоа што решивме дел од булеварските решенија веќе шириме на краците онаму каде што имаме поголема фреквенција на население. Со една таква динамика ќе продолжиме и во следниот период, истакна Петровска.

Според првичните анализи на битолската локална самоуправа, од досега поставените светилки заштедени се 31.000 евра, а до месец мај заштедата треба да достигне до 64.000 евра, средства што ќе бидат реинвестирани, најави Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

-По временска пауза од 43 години конечно заменети се досегашните светилки на канделабрите со нов изглед на фенери. Покрај естетскиот дел добиваме подобрување и во делот на осветленоста. Во помалите населеби е двојно зголемена осветленоста од 3 на повеќе од 7 лукса, додека на големите булеварски светилки осветлувањето ако било околу 10 лукса сега е до 70 лукса, а тоа со други зборови значи поголема сообраќајна безбедност на граѓаните, истакна Богоевски.

Замена на уличните светилки со нови лед-светилки наскоро ќе се врши и во Старата битолска чаршија, беше посочено на прес конференција во овој град. мт/оџ/

Back to top button
Close
Close