Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ново распоредување на американски војници во Сирија

САД ќе го зголеми военото присуство во Сирија по низата помали инциденти со руските војници, што ги зголеми тензиите во таа земја

Дамаск, 19 септември 2020 (МИА) – САД ќе го зголеми военото присуство во Сирија по низата помали инциденти со руските војници, што ги зголеми тензиите во таа земја.

– САД не сакаат судири со која било нација во Сирија, но, ако е потребно ќе ги браниме силите на коалицијата, изјави капетанот на американската морнарица Бил Урбан, кој не ја именува Русија.

Претходно, неименуван американски претставник соопшти дека најновиот чекор на САД е јасен сигнал дека Москва треба да го продолжи процесот на деескалација, како и дека Русија и другите страни треба да избегнуваат непрофесионални, небезбедни и провокативни акции во североисточниот дел на Сирија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close