Општински вестиСкопје

Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Општина Центар почна со реконструкција на детското игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Од општината соопштуваат дека планирано е градежните активности да завршат до почетокот на учебната година.

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Општина Центар почна со реконструкција на детското игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Од општината соопштуваат дека планирано е градежните активности да завршат до почетокот на учебната година.

Од прес-службата на Општина Центар информираат дека на површина од 170 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити, нова гумирана подлога и заштитна ограда, а просторот од 50м2 ќе биде уреден со ниско зеленило и ќе биде поставена урбана опрема.

– Продолжуваме со изградбата на модерни и функционални детски игралишта во Центар, изведени според најсовремени стандарди за квалитет, безбедност и одржливост. Жителите во овој реон ќе добијат нова рекреативна зона, а новото катче ќе обезбеди квалитетна игра за децата и зголемена безбедност за време на нивниот престој, изјави градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

До крајот на 2021 година ќе бидат санирани и реконструирани детските игралишта на девет локации на територијата на Општина Центар, за што ќе бидат одвоени десет милиони денари од општинскиот буџет.фф/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close