0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштество

Новите стручни профили во училиштата ќе се усогласуваат регионално и во координација со компаниите

Консултациите со компании, стопанските комори и локалните самоуправи кои ги организира Министерството за образование и наука во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, за  утврдување потреба од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година, денеска продолжија во Кочани, каде што учествуваа претставници и од општина Виница.

Кочани, 22 февруари 2021 (МИА) – Консултациите со компании, стопанските комори и локалните самоуправи кои ги организира Министерството за образование и наука во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, за  утврдување потреба од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година, денеска продолжија во Кочани, каде што учествуваа претставници и од општина Виница.

Министерката Мила Царовска во изјава за медиумите по средбата ја поздрави подготвеноста на компаниите да ги отворат вратите за пракса на учениците. Соопшти дека од истражување во кое бие испитани 450 компании за тоа кои профили се потребни и дали би ги отвориле вратите за практична настава и феријална пракса, 85 отсто одговориле дека тоа би им  го овозможиле на учениците.

– На овој начин ќе се направи подобрување на образиванието, од една страна, а од друга страна, ќе се подготови стручен кадар кој ќе биде полесно вработлив, а компаниите нема да губат понатаму време за обука на веќе вработен кадар зашто тој ќе биде подготвен во образовниот процес и директно ќе биде продуктивен, рече Царовска.

Очекува Конкурсот за запишување во средните стручни училишта оваа година да биде многу прилогаден на потребите на пазарот на трудот, а учениците ќе бидат  стипендирани од државата. Рече дека наредната година сите дуални паралелки, кои ќе бидат отворени во директен договор меѓу компаниите и училиштата, и натаму ќе бидат стипендирани, а промоцијата на тие договори ќе биде во основните училишта за навреме да бидат запознати и учениците и нивните родители.

Според анализата, барани се електро и машинска струка, хемиска, прехранбена, но покрај тоа што пратичната настава ќе биде координарана со компаниите, посочи Царовска, отворањето нови паралелки ќе се усогласува на регионално ниво за, како што рече, да нема конкуренција меѓу училишта кои се многу блиску.

Градоначаланиците на Кочани и Виница, Николчо Илиев и Ивица Димитров  ја поздравија иницијативата, се надеваат дека во 2021/2022 дел од новите профили ќе бидат отворени токму во нивните училишта, затоа што во двете општини има доста компании, а и доста невработени лица.

Сметаат дека оваа иницијатива е важна за реалниот сектор во двата града, а компаниите се заинтересирани да помогнат во дуалното образование, со цел да добијат квалификуван кадар веднаш откако учениците ќе го завршат стручното образование.

Кампањата за предностите на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, која МОН ја почна овој месец со цел дизајнирање на наставните програми и уписните политики според барањата на пазарот на трудот, денеска ќе биде промовирана и во Берово, каде што на дијалогот со компании, локални самоуправи и средни училишта ќе има учесници и од Пехчево, Делчево и Македонска Каменица. хс/та/

 

Back to top button
Close
Close