Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Новиот премиер на Малта, Роберт Абела, положи заклетва

Адвокатот Роберт Абела денеска положи заклетва на функцијата премиер на Малта, на која го менува досегашниот Џозеф Мускат, кој се повлече на половина од својот втор мандат заради барање одговарност во истрагата за убиството на истражувачката новинарка Дафне Карина Цалиција, во 2017 година, која пишуваше за корупција.

Ла Валета, 13 јануари 2020 (МИА) – Адвокатот Роберт Абела денеска положи заклетва на функцијата премиер на Малта, на која го менува досегашниот Џозеф Мускат, кој се повлече на половина од својот втор мандат заради барање одговарност во истрагата за убиството на истражувачката новинарка Дафне Карина Цалиција, во 2017 година, која пишуваше за корупција.

Абела вчера беше избран за нов лидер на владеачката Лабуристичка партија, освојувајќи 58 отсто од гласовите на партиското членство, со кои потоа всушност го бираат новиот лидер на земјата.

Стотици партиски приврзаници се собраа во Ла Валета за да го поздрават новиот премиер кој им возврати од балконот на Претседателската палата по церемонијата на полагање заклетва, пренесоа британските медиуми.

Пред изборот Абела кажа дека ќе работи на враќањето на репутацијата на владеењето на законот на Малта.

Пратениците на Европскиот парламент излегоа со жестоки критики за состојбите во судството и полицијата  во оваа островска земја. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close