Избрано

Новиoт мандат на Трaмп ќе му овозможи да ја изолира Кина

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, беше ослободен од обвиненијата во Сенатот во процесот за негов импичмент, како што и се очекуваше, отворен му е патот кон негов нов мандат на чело на земјата, пишува електронското издание „New Europe“ од Брисел.

11 февруари 2020 

New Europe, Брисел

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, беше ослободен од обвиненијата во Сенатот во процесот за негов импичмент, како што и се очекуваше, отворен му е патот кон негов нов мандат на чело на земјата, пишува електронското издание „New Europe“ од Брисел.

Целата процедура за импичмент беше лошо спроведена од Демократската партија, која и ја почна, а добро знаеше дека нема да биде успешна. Тие, сепак, ја инициираа со надеж дека процедурата ќе ги намали шансите на Трамп за негов реизбор на идните избори. Напорите на демократите епски пропаднаа и сега Трамп смело се справува со проблемот со неговиот препознатлив бизнис-манир, и претворајќи ја пасивата во своја актива.

Во случај Трамп да победи на следните избори, што сега изгледа многу веројатно, неговите стратегиски приоритети веројатно ќе го вклучуваат задржувањето на пристапот кон Кина, што значи изолирање на оваа азиска земја и забрана за увоз на нивни стоки на западните пазари.

Според конзервативните Американци и многу Европејци, доколку Кина сега не биде задржана, по 20 или 30 години Пекинг ќе доминира во светот од економска гледна точка, а следствено на тоа и од политичка.

Трамп дејствува внимателно затоа што знае дека „Волстрит“ ги поддржува светските интереси на Кина. Забраната на кинеските стоки ќе доведе до сериозни загуби за американските и европските инвеститори во азиската земја и до извесен степен ќе предизвика безредија на финансиските пазари, чија големина во моментов не може да се предвиди. Таквото однесување дури може да предизвика и тотален рестарт на глобалниот финансиски поредок.

Потиснувањето на Кина е операција од висок ризик, затоа што во себе содржи директни и индиректни штети. Меѓутоа, така се игра играта, и тоа се случува во време кога западните општества едноподруго запаѓаат во серија политички кризи, што со себе носат огромни социјални промени.

Фактот дека Велика Британија ја напушти Европската Унија, а влијанието на Германија врз Унијата се намалува поради најавеното повлекување на канцеларката Ангела Меркел од политичката сцена, е причината ЕУ да остане без лидер и сега таа прави сериозни политички грешки во серија.

Како последица од тоа Германија, поранешниот политички лидер на ЕУ, почна да води безмислени битки со призраците на минатото, како интерпретирањето на растот на партијата Алтернатива за Германија, како и кревањето на влијанието на крајнодесничарската идеологија. Тоа не е точно. Тоа е само резултат повеќе од еднодецениските политички грешки што ѝ штетат на европската средна класа.

Од другата страна на Атлантскиот Океан, САД за лидер имаат успешен бизнисмен, кој се справува со проблемите со пристап со високи ризици и високи награди.

Во овој контекст Трамп ја гледа можноста и во главната тема на денот – кризата со климатските промени. Тој умешно манипулира со мноштвото климатски активисти и проблемот со заштитата на природата го претвора во стапица во која ќе ја фати Кина, која во пракса е најголемиот загадувач во светот.

Доколку Трамп добие нов мандат на изборите по девет месеци целосната забрана за кинеските производи на западните пазари ќе биде логичниот тек и Кина ќе биде принудена да ги намали емисиите на штетни гасови до прифатливите нивоа.

Администрацијата на Трамп многу умешно манипулира и со младите луѓе низ светот, и ги натера да ја кренат борбата со климатските промени како нова глобална идеологија. И како што се обезбеди фактот дека Кина е под контрола на тоталитарна влада, а работниците во земјата не располагаат со правата што секој од нив би требало да ги има според западните стандарди, изолацијата на Пекинг не изгледа невозможна.

Убавината на овој приод, се чини, стои во тоа дека целата иницијатива дојде од елементите што се борат против системот, што преовладуваат во Европа и САД.

Во овој контекст, се чини, не е случајно што мноштво западни медиуми многу внимание ѝ посветуваат на опасноста од пандемијата на новиот коронавирус, што предизвикува паника во Европа и САД.

Вирусот навистина дојде од Кина и првично, според информациите, неговиот развој беше прикриен од кинеските власти. Тоа дополнително го потенцира негативниот однос на луѓето низ светот за Кина, и тоа, исто така, ќе биде корисно за секој иден обид за изолирање на азиската земја. сд/

Back to top button
Close
Close