БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Новиот косовски министер за одбрана побара од неговиот претходник да му биде советник

Новоименуваниот косовски министер за одрбана Антон Ќуни ја прими денеска официјално должноста, при што побара од неговиот претходник Рустем Бериша да му биде политички советник, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 5 февруари 2020 (МИА) – Новоименуваниот косовски министер за одрбана Антон Ќуни ја прими денеска официјално должноста, при што побара од неговиот претходник Рустем Бериша да му биде политички советник, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ќуни на примопредавањето на должноста побара од неговиот некогашен соборец во Ослободителната војска на Косово (ОВК) да му биде најблизок соработник и висок политички советник за прашањата со кои ќе се соочи во текот на својот мандат.

– Без оглед на моментите, позициите, одговорностите, на мојот пријател секогаш сум му се обраќал со титулата командант. Се познаваме 22 години, имало ситуации во војната кога сме делегирале одговорности еден на друг. Ја примам оваа должност од еден мој пријател во кого имам голема верба поради добрите работи кои ги сторил за време и по војната, изјави Ќуни.

Досегашниот министер Бериша изјави дека ќе прифати се што ќе побара неговиот некогашен соборец Ќуни, со цел да ги водат напред Министерството за одбрана и Безбедносните сили на Косово.

– Јас нема да се двоумам да поддржам секого кој има потреба и се што е во интерес на институцијата. Иако бевме од различни партии, нас не поврзува борбата и партиските интереси нема да не разделат, изјави Бериша. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close