СветСвет.Портал

Новиот ирачки премиер нареди ослободување на уапсените демонстранти

Ирачките судски власти денеска наредија ослободување од затвор на антивладините демонстранти, извршувајќи една од првите одлуки на новиот премиер Мустафа Ал-Кадими.

Багдад, 11 мај 2020 (МИА) – Ирачките судски власти денеска наредија ослободување од затвор на антивладините демонстранти, извршувајќи една од првите одлуки на новиот премиер Мустафа Ал-Кадими.

Во исто време, десетици демонстранти денеска запалија гуми на обновените демонстрации против новото ирачко раководство.

Ал-Кадими денеска го назначи генералот Абдул Вахаб Ал-Сади, кој одигра клучна улога во воените операции против екстремистите на Исламска држава, на чело на елитната Служба за борба против тероризмот.

Ирак во моментов се соочува со зголемување на бројот на напади на Исламска држава во северниот дел на земјата.

Поранешниот ирачки премиер Адел Абдул-Махди во септември го смени генералот Ал-Сади, што предизвика незадоволство кај граѓаните и протести во северниот дел на земјата и во Багдад.

Врховниот совет за правда денеска соопшти дека, на повик на премиерот Ал-Кадими, наредил ослободување на демонстрантите уапсени од почетокот на протестите на 1 октомври 2019 година. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close