0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Новинарството спроти пропагандата во фокусот на 14. Светска средба на бугарските медиуми

Новинарството наспроти пропагандата е во фокусот на 14. Светска средба на бугарските медиуми, која во организација на бугарската новинска агенција БТА и со поддршка на МИА, оваа година се одржува во Скопје. 

Скопје, 25 октомври 2018 (МИА) – Новинарството наспроти пропагандата е во фокусот на 14. Светска средба на бугарските медиуми, што во организација на бугарската новинска агенција БТА годинава се одржува во Скопје.

На денешното свечено отворање на настанот директорот на БТА, Максим Минчев посочи дека целта е медиумите да се соберат, да си ги кажат проблемите со кои се соочуваат, предизвиците пред кои се наоѓаат.

– Главна тема е новинарството спроти пропагандата, но и штетите што ги прават лажните вести, како и проблемите на новинарството во светот, сите се соочуваме со недостиг на финансиски средства, рече Минчев.

Истакна дека оваа средба секоја година се одржува во различен град. Првата, во 2005 е одржана во Бугарија, потоа следеле Чикаго, Рим, Мадрид, Пловдив, Варна, Амстердам, Виена, Атина…Следната средба е планирано да се одржи во Канада или Кипар.

– Да бидеш на страната на професијата е сериозна провокација во денешницата. Новинарството или ќе го биде или ќе ни го земат сите оние рекетари, натрапници, платеници и профитери, кои гледаат како од него да печалат и да манипулираат. Ме радува дека токму ова е тема на вашата годишна средба, дека токму поради тоа сте во Македонија, во Скопје, истакна директорот на МИА, Драган Антоновски, кој ја отвори манифестацијата во Македонската академија на науките и уметностите.

Затоа што навистина, додаде Антоновски, потребно е да се расчисти на овие наши простори која е целта, дали треба да се работи во интерес на јавноста, на информирањето, како да ја сузбиеме пропагандата и дезинформирањето, лажните вести.

Антоновски додаде дека МИА и БТА имаат долгодишна сорабока, која, како, што рече, ќе биде проширувана и во иднина со заеднички проекти и настапи.

-Она во што сме сигурни е дека имаме заеднички интерес, а тое е професионални стандарди во новинарството, истакна тој.

Пред пристутните академици, претставници на македонско-бугарската стопанска комора, на Владата, на медиумите беше порчитана порака од бугарската заменик-претседателка Илијана Јотова, која како што посочи во неа од оправдани причини не можела да присуствува на настанот.

-Бугарија е најголемиот застапник на Македонија во ЕУ. Сакаме заедно да работиме на заедничкиот просперитет на регионот, нагласи Јотова во пораката до присутните.

Таа истакна дека очекува реални резултати од мешовитата бугарско-македонска комисија.

-Нејзината задача е мошне тешка и во нејзината работа особено е важна улогата на медиумите. Молчењето создава почва за шпекулации, нагласи Јотова во пораката и упати апел до бугарските медиуми да посветат поголемо внимание на ова прашање, а не, како што наведе, работите да ги дознава само од македонските медиуми.

По свеченото отворање на 14. Светска средба на бугарските медиуми пред присутните настап имаа светски реномираните музичари Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов. ац/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close