БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Новинарите во Словенија остро реагираа на писмото испратено од Владата на Јанша до Советот на Европа

Здружението на новинари на Словенија (ДНС) остро реагираше на писмото на Владата кое како одговор на критиките за притисок врз медиуми и новинари, во вторникот го испрати до Советот на Европа.

Љубљана, 10 Април 2020 (МИА) – Здружението на новинари на Словенија (ДНС) остро реагираше на писмото на Владата кое како одговор на критиките за притисок врз медиуми и новинари, во вторникот го испрати до Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана,Здружението на новинари на Словенија испрати соопштение до јавноста во кое пишува дека со содржината на владиното писмо, во кое се тврди дека медиумите се пристрасни, десничарската Влада предвидена од партијата на Јанша, „се одржуваат идеолошките стојалишта на Словенечка демократска партија (СДС)” и дека со истото се нарушува угледот на државата во странство

„Етичките стандарди на поголем дел од словенечките новинари се во согласност со оние на западните демократии, за разлика од медиумите кои се посредно или непосредно поврзани со партијата на Јанез Јанша. Тоа се медиуми кои се финансирани од унгарски компании и не се држат до демократските и етички стандарди” – стои во соопштението на ДНС.

Реагираше и директорот на Словенечката информативна агенција (СТА) Бојан Веселиновиќ, кој со други уредници и новинарски имиња е споменат во писмото на Владата. Првиот човек на СТА кажа дека на местото дошол кога премиер беше сегашниот претседател Борут Пахор, па затоа очекува на писмото испратено од Советот на Европа, лично да реагира и Пахор.

Инаку, во писмото на Владата пишува дека „во моменти кога другите медиуми се борат да преживеат и отпуштаат новинари, само во последните десет години во Телевизија Словенија се вработени 400 луѓе“.

„Голем ден од медиумите во Словенија потекнуваат од некогашниот комунистички режим. До доцните 90 години, членови на поранешната тајна служба УДБА работеа во медиумите, а до 2004 години државната Телевизија Словенија беше под водство на комунистички структури” – се наведува во писмото.

Писмото е одговор на мартовската објава на Платформата на Советот на Европа за промоција на заштитата на новинарите. Тие реагираа на ставовите на премиерот Јанез Јанша објавени на социјалните мрежи, каде тој напиша дека државната Телевизија Словенија лаже и додаде дека таму има премногу вработени и премногу добро платени луѓе. ав/ссм/

Back to top button
Close
Close