0_Македонија.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вести

Нови водоводни и канализациски мрежи во Свети Николе

Во Свети Николе ќе се градат водоводни и канализациски мрежи со средства од Министерството за транспорт и врски, а се очекува изведувачот на градежните работи во работа да биде воведен кон крајот на март, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Штип, 31 јануари 2020 (МИА) – Во Свети Николе ќе се градат водоводни и канализациски мрежи со средства од Министерството за транспорт и врски, а се очекува изведувачот на градежните работи во работа да биде воведен кон крајот на март, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. 

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски информира дека ќе се реализираат шест проекти за изградба на водоводни и канализациски мрежи во градот, каде што нема ваква комунална инфраструктура. Дваесет и први  век сме и не е во ред да нема канализациски мрежи. Доставивме проекти до Министерството за транспорт и врски, а вкупната инвестиција е над 300.000 евра, рече Велковски.

Тој очекува со донесувањето на новиот Генерален урбанистички план да се зголеми и побарувачката за изградба на нови колективни згради, но и на индивидуални куќи. вдј/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close