Дописници МКДОпштински вести

Нови униформи за гостиварските пожарникари повод 20 мај денот на пожарникарите

Припадниците на професионалната противпожарна единица во Гостивар, денеска добија нови комплети на униформи. Подновувањето го обезбеди општина Гостивар по повод празникот на пожарникарите 20 мај.

Гостивар, 20 мај 2020 (МИА) – Припадниците на професионалната противпожарна единица во Гостивар, денеска добија нови комплети на униформи. Подновувањето го обезбеди општина Гостивар по повод празникот на пожарникарите 20 мај.

Сите 45 вработени добија комплети со обувки и летна и зимска гардероба

Командирот на противпожарната единица во Гостивар, Јусуф Бајрами ја искористи приликата на колегите да им го честита денот и се заблагодари на локалната самоуправа што вложила напор и посветила внимание на оваа служба.

Неколку пожарникари кои беа на дежурство нагласија дека во овој период и покрај редовните обврски се ангажирани и при пружање на услуги на граѓаните во време на вонредната состојба. Гостиварските пожарникари помагаат во дистрибуција на хуманитарна помош за социјално загрозени семејства и заедно комуналните служби ги мијат улиците.

Локалните власти, изминатва година инвестираше и во подобрување на суловите во седиштето на единицата. Во стариот објект беше инсталирана нова опрема за парно затоплување, а беа и замените старите прозорци со нови. Според најавите годинава треба да биде заменет и покривот на зградата на гостиварската противпожарна единица. згм/мч/

 

Back to top button
Close
Close