
Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Деновиве беа целосно реконструирани тоалетите за децата од осум месеци до три години, во претшколската установа „Орце Николов“, објект во Карпош 4.
Од Општина Карпош информираат дека со оваа интервенција значително се подобрени хигиенско-санитарните услови во оваа детска градинка.
– Општина Карпош продолжува со секојдневно унапредување на условите во градинките, а за оваа година се предвидуваат и нови занимални за градинката „Орце Николов“ во Карпош 3, како и надградба на „Распеана младост“ во Карпош 1, се посочуваат од прес-службата на општината. фф/цр