БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Нови шест жртви од коронавирусот во Грција, вкупно 38

Бројот на жртви од коронавирусот во Грција денеска се зголеми на 38, откако во изминатите 24 часа починаа уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 29 март 2020 (МИА) – Бројот на жртви од коронавирусот во Грција денеска се зголеми на 38, откако во изминатите 24 часа починаа уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на редовната секојдневна прес – конференција, во земјата регистрирани се 95 нови позитивни случаи, односно вкупно 1.156 лица се заразени со коронавирусот, a повеќето од нив се во Атика, поширокиот регион на Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 69, а во земјата, до сега, анализирани се 15.151 примероци. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close