Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Нови шест смртни случаи од Ковид-19 во Грција и 20 новозаразени

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, во Грција се регистрирани вкупно 1.755 позитивни случаи, вкупно 79 лица починале, а анализирани се 26.193 примероци, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 6 април 2020 (МИА) – Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, во Грција се регистрирани вкупно 1.755 позитивни случаи, вкупно 79 лица починале, а анализирани се 26.193 примероци, јави дописничката на МИА од Атина.

Според денешните информации од Министерството за здравство на Грција, соопштени од професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, во изминатите 24 часа регистрирани се 20 нови заразени лица и уште шест смртни случаи.

Во грчките болници, досега пуштени се 269 граѓани, додека пак приклучени на апарати се лекуваат 90 лица на просечна возраст од 65 години.

Од смртните случаи, односно од 79-те лица, 29 отсто се жени, а 86 проценти имале некој здравствен проблем.ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close