0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Нови 85 случаи на КОВИД-19, 42 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 85 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.188 тестирања. Оздравени се 42 пациенти, а починаа четири лица.

Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Министерството за здравство денеска регистрира 85 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.188 тестирања. Оздравени се 42 пациенти, а починаа четири лица.
Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19.
Во  Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 45 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.
Починати се четири лица, два пациенти од Скопје, едниот на  72-годишна возраст, а другиот на 84 години.
Почина пациент од Дебар (62 години) и пациентка од Штип (66 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројот на оздравени пациенти е 7.664, а на починати е 527. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5149, активни 1335
• Куманово 1148, активни 276
• Дебар 219, активни 127
• Штип 953, активни 400
• Прилеп 345, активни 49
• Тетово 1088, активни 190
• Струга 478, активни 195
• Велес 234, активни 23
• Битола 165, активни 72
• Охрид 297, активни 89
• Кавадарци 110, активни 88
• Гостивар 562, активни 326
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 33, активни 10
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 112, активни 24
• Пробиштип 63, активни 21
• Демир Хисар 43, активни 30
• Македонски Брод 51, активни 40
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 30, активни 26
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 239, активни 114
• Кичево 196, активни 116
• Ресен 146, активни 17
• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.188 теста се преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-145, Биотек-88, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Систина со PCR метода -155, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-6, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се три пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИд-19 и четири деца позитивни на вирусот, а пет пациенти се суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19. мд/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close