0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитикаХроникаХроника.Портал

Нови 659 прекршоци за неносење маска, четири лица не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација

За мерката неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие се регистрирани 659 прекршоци, а на 366 лица им се издадени решенија за изолација, додека 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – За мерката неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие се регистрирани 659 прекршоци, а на 366 лица им се издадени решенија за изолација, додека 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.лв/

Back to top button
Close
Close