Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Нови 39 случаи на коронавирус потврдени во Белгија

Здравствените власти на Белгија денеска објавија дека од вчера се потврдени уште 39 случаи на заразени од Ковид-19.

 

Брисел, 9 март 2020 (МИА) – Здравствените власти на Белгија денеска објавија дека од вчера се потврдени уште 39 случаи на заразени од Ковид-19.

Со тоа бројот на вкупниот број заболени се искачи на 239. Лабораторијата вчера тестирала 334 примероци на брисови, а позитивни биле 39. Од нив 22 се во Фландрија, 7 во Брисел и 10 во Валонија. Белгија тестира исклучиво случаи на екстремно болни и вратени од  ризични подрачја, бројката би можела да е многу поголема, предупредуваат лекарите.

Белгиските лаборатории во моментов не ги тестираат лесните случаи на зараза, туку само оние што влегле во болница. Се хоспитализираат пациентите чијашто состојба е загрижувачка за време на првото лекарско испитување.

Здружението на матични лекари во Белгија денеска предлага воведување нови мерки. Како консултации со пациентите само по телефон за да се заштити здравјето на медицинскиот персонал за да можат подобро да се грижат за заболените.  Пациентот што има знаци на зараза, како симптоми на белодробна инфекција мора да остане дома во изолација.

Властите информираат дека е започнат процесот на движење на вирусот кај белгиското население додека досега тоа беа главни лица што се заразиле во Италија за време на еднонеделниот зимски распуст помеѓу 23 февруари и 1 март. Според властите, ова е нормално со оглед на тоа што лицата што биле на одмор во Италија живеат во сите делови на земјата. тм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close