0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Нови 159 случаи на болни од ковид, оздравени 75 и починати 6 пациенти

Нови 159 случаи на заболени од КОВИД 19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Оздравени се 75 пациенти, а починати шест. Направени се 1.733 тестирања, а бројот на новозаболени повторно е најголем во Скопје - 32, по што следуваат Куманово - 25, Гостивар - 22 и Струга 15. Во останатите градови бројката на новозаболени е едноцифрена. 

Скопје, 22 август 2020 (МИА) – Нови 159 случаи на заболени од КОВИД 19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Оздравени се 75 пациенти, а починати шест.
Направени се 1.733 тестирања, а бројот на новозаболени повторно е најголем во Скопје – 32, по што следуваат Куманово – 25, Гостивар – 22 и Струга 15. Во останатите градови бројката на новозаболени е едноцифрена.
Од починатите пациенти сите се на возраст над 60 години. Најстариот има 85 години, а најмладиот 61 година. Четворица од починатите се од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент е од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Петмина се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13458,  бројката на оздравени пациенти е 10052, а на починати 563. Активни се 2843 случаи.
Од скопските општини и понатаму општина со најголем број активни случаи е Чаир со 114 случаи, по што следува Гази Баба со 100 и Аеродром со 99 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања, а денеска нема тестирања во рамки на скринингот.
Според информациите на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, а нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти, пет деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. бак/вј/

Back to top button
Close
Close