0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Нови 153 заразени со Ковид – 19, оздравени 75 пациенти, починаа шест

Во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Од Министерстрвото за здравство соопштија дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 75 оздравени пациенти, од Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се шест лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“, по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.  Во болницата во Штип починале две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид починал пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентирал и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164. Од вчерашните тестирања три се контролни.

Во моментов, информираат од МЗ, дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2730, активни 1800
•       Куманово 723, активни 268
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 290, активни 184
•       Прилеп 240, активни 20
•       Тетово 603, активни 355
•       Струга 389, активни 107
•       Велес 171, активни 30
•       Битола 44, активни 15
•       Охрид 131, активни 107
•       Кавадарци 11, активни 5
•       Гостивар 91, активни 52
•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 13, активни 9
•       Крива Паланка 13, активни 7
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 63, активни 27
•       Пробиштип 14, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 20, активни 18
•       Кичево 16, активни 12
•       Ресен 85, активни 83
•       Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5,  Систина  со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани две деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера, најмногу има во Чаир – 416, во Аеродром – 141, Бутел – 136, Гази Баба – 151, Центар – 123, Карпош – 121, Сарај – 138, Кисела Вода – 109, Ѓорче Петров – 88 и Студеничани – 94. Во Шуто Оризари се 77, Арачиново – 51, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково двајца, тројца се странци, а седум се нераспределени. цр/са/

Back to top button
Close
Close