0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталОпштество

Нови 132 случаи со Ковид-19, 12 починати, 112 оздравени

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1. Починати се 12 пациенти од кои пет од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1. Починати се 12 пациенти од кои пет од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 112 оздравени  пациенти и тоа од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во болницата во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, која денеска е потврдена позитивна.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3006, активни 1986
•       Куманово 750, активни 293
•       Дебар 92, активни 40
•       Штип 332, активни 148
•       Прилеп 257, активни 33
•       Тетово 681, активни 366
•       Струга 218, активни 133
•       Велес 182, активни 37
•       Битола 50, активни 17
•       Охрид 167, активни 143
•       Кавадарци 15, активни 9
•       Гостивар 117, активни 62
•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 15, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 69, активни 22
•       Пробиштип 17, активни 9
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 4, активни 2
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 2,
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 27, активни 23
•       Кичево 30, активни 25
•       Ресен 100, активни 94
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, МАНУ -110, Клиника „Жан Митрев“ – 25, Систина  со PCR метода -73. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 417
•       Аеродром – 148
•       Бутел – 134
•       Гази Баба – 158
•       Центар – 131
•       Карпош – 135
•       Сарај – 142
•       Кисела Вода – 106
•       Ѓорче Петров – 101
•       Студеничани – 91
•       Шуто Оризари – 75
•       Арачиново – 53
•       Илинден – 32
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 15
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 2
•       Нераспределен-157. рп/скс/

Back to top button
Close
Close