
Неготино, 22 јануари 2020 (МИА) – Започна поставувањето на нови лед штедливи светилки за уличното осветлување во општина Неготино.
– Според планот, 836 од светилките ќе бидат поставени во градот Неготино и 574 во населените места. Според утврдената динамика, се очекува работите комплетно да бидат завршени до крајот на месец март оваа година, соопштуваат од локалната самоуправа.
Поставувањето на новото улично осветлување започна долж главната улица „Маршал Тито“ и продолжува и по останатите улици во градот и населените места.свд/са/