0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Новата сезона во Евролигата започнува на 30 септември, наскоро познат целиот распоред

Сезоната 2019/2020 на турнирот беше прекината предвреме заради пандемијата на коронавирус по 28 од вкупно 34 кола. Ова е првпат во историјата на Евролигата, основана во 1958 година, кога натпреварувњето не заврши.

Барселона, 13 јуни 2020 (МИА) – Календарот за сезоната 2020/2021 година во Евролигата и Еврокупот ќе биде целосно готов на крајот на јуни или почетокот на јули. Ова го соопштија од прес-службата на Евролигата.

Сезоната 2019/2020 на турнирот беше прекината предвреме заради пандемијата на коронавирус по 28 од вкупно 34 кола. Ова е првпат во историјата на Евролигата, основана во 1958 година, кога натпреварувњето не заврши.

– Новата сезона е предвидена да започне на 30 септември. Во моментов работиме на календар и за Евролигата и за Еврокупот. Веројатно е дека календарот ќе биде целосно готов до крајот на јуни или почетокот на јули, објавија раководството на турнирот.

18 екипи ќе учествуваат во Евролигата.

Таг
Back to top button
Close
Close