Општински вестиСкопје

Новата градинка во Миладиновци ќе биде подготвена за работа од септември

Почна опремувањето на новата детската градинка во Миладиновци. Како што соопштија денеска од општина Илинден, капацитетот на градинката за згрижување ќе биде за 90 деца на возраст од две до шест години, и за деца на возраст од девет месеци до две години.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Почна опремувањето на новата детската градинка во Миладиновци. Како што соопштија денеска од општина Илинден, капацитетот на градинката за згрижување ќе биде за 90 деца на возраст од две до шест години, и за деца на возраст од девет месеци до две години.

Општинските власти наведуваат дека целосното завршување на работните активности се во финална фаза и објектот комплетно ќе биде готов за прием на децата од почетокот на месец септември, додека отпочнувањето со работа на новата детска градинка ќе зависи од одлуките и протоколите на Комисијата за заразни болести и Владата.

-Станува збор за високо енергетски ефикасен објект кој се простира на површина од 540 метри квадратни. Во новата градинка инсталиран е систем за греење и ладење со топлински пумпи, “воздух-вода”, подно греење и фенкојлери, соопштија од општината.

Во насока на зголемување на безбедноста, како што наведуваат во соопштение, се асфалтира и паркинг просторот и се уредува површината на новата детска градинка во Миладиновци. Покрај асфалтирање се врши и партерно уредување на просторот околу детската градинка и зафаќање и одведување на атмосферските води.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски при посетата на новата градинка констатираше дека и покрај состојбата со Ковид19, изведувачите согласно динамичниот план за работа, во целост и навремено ги реализираат градежните работи за што градоначалникот им изрази благодарност.

Изградбата на новата градинка е капитален проект, кој Општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Вкупната вредност на инвестицијата е 30 милиони денари.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close