0_Македонија.ПорталОпштество

Новата е-платформа на Град Скопје за пријавување и следење на инспекциските надзори

ретставена и новата е-Платформа на Град Скопје за пријавување и следење на инспекциските надзори од страна на граѓаните, што може да послужи како модел и за другите градови. Преку неа граѓаните можат директно да влијаат за зголемување на транспарентноста на инспекторатите.

Скопје, 19 јуни (МИА) – Во организација на Зелениот институт денеска се одржа јавна дебата на ЗУМ платформата на тема: Инспекторите под лупа на граѓаните – Како до транспарентни инспекции во животната средина?

На дебатата беа претставени резултатите од анкетата за информираноста на граѓаните за пријавување на загадување и за досегашното искуство со инспекторатите, од страна на Христина Оџаклиеска, планер со посебни овластувања за животната средина во Агенцијата за просторно планирање, соопшти Зелениот институт.

Претставена и новата е-Платформа на Град Скопје за пријавување и следење на инспекциските надзори од страна на граѓаните, што може да послужи како модел и за другите градови. Преку неа граѓаните можат директно да влијаат за зголемување на транспарентноста на инспекторатите. Платформата ја претставија Мирослав Богдановски, раководител на Градскиот инспекторат и Софија Богева од СкопјеЛаб – Центар за иновации.

Дебатата е дел од проектот „Алатки за подобрен инспекциски надзор на локално ниво“, кој се спроведува во Скопје, Битола, Куманово и Велес и е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање. Цели на проектот се: повисока граѓанска свест за пријавување на загадувањето во локалните инспекторати, поголема отчетност на инспекторите во вршењето на инспекцискиот надзор, како и транспарентно следење на нивната работа од страна на граѓаните.

За проектот и за очекувањата од него говореа Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт и Ана Петровска, државна секретарка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Модераторка на јавната дебата беше Лилјана Поповска, а учествуваа претставници од институции и граѓански организации, соопшти Зелениот институт.лв/см/

Back to top button
Close
Close