ВидеоОпштински вестиСкопје

Нова зелена површина на местото на старата депонија кај железничката станица

Мал парк и детско игралиште ќе се изгради кај поранешната дива депонија меѓу улицата „Венјамин Мачуковски“ и улицата „Трета Македонска бригада“, кај железничката станица во Скопје. Местото веќе е исчистено од депонијата, а денеска го посетија градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов, на Општина Аеродром, Златко Марин и Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Мал парк и детско игралиште ќе се изгради кај поранешната дива депонија меѓу улицата „Венјамин Мачуковски“ и улицата „Трета Македонска бригада“, кај железничката станица во Скопје. Местото веќе е исчистено од депонијата, а денеска го посетија градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов, на Општина Аеродром, Златко Марин и Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Како што истакна на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов, станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри, која повеќе од 20 години била дива депонија и место што никој претходно не нашол за сходно да го среди.

– Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри, и преку ЈП „Улици и патишта“ изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет. Денеска вршиме увид на овој нов јавен простор каде што треба да никне и мал парк и детско игралиште, со цел овој меѓник меѓу општините Аеродром и Центар да го уредиме, на задоволство на жителите и на двете општини кои гравитираат особено кон овој дел, додаде Шилегов.

Градоначалникот истакна оти верува дека ќе го разубават овој дел од градот со цел на граѓаните да им се овозможи пријатно место каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време.

Тој рече дека ова е само почеток на активностите на Градот во текот на оваа сезона, особено во отворање на нови јавни простори.

– Во овој момент се чистат депонии во општина Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Аеродром, каде што ќе никнуваат нови вакви мали паркови, мини зелени оази, со цел јавниот простор да го заштитиме, пред се од градежно дивеење, меѓутоа и од фрлање на ѓубре и отпад кој каде ќе стигне. Ги потсетувам граѓаните на Скопје дека Скопје ќе биде онолку убав град колку што ние ќе сакаме сите заедно да го направиме, порача Шилегов.

Градоначалникот Златко Марин додаде дека заедно со Градот Скопје ќе продолжат со уредување на неуредените површини во Општина Аеродром, и најави уште два нови паркови во Стар Аеродром.

Градоначалникот Саша Богдановиќ ја поздрави иницијативата за преуредување на овој простор и истакна дека Општина Центар ќе ги презема своите обврски за да имаме едно убаво катче што ќе се наоѓа на граници меѓу двете општини.

Прашан зошто Град Скопје уште не ја презема мрежата за парно греење, градоначалникот Петре Шилегов одговори дека причината е недоразбирањето што го имаат со актуелниот концесионер меѓутоа и некои недоречености во правни мислења кои ги има дадено Владата, но инсистира дека таа лиценца треба да биде одземена од БЕГ и дадена на градски енергетски системи.

-Сепак ние сме во постапка за добивање на лиценца, Регулаторната Комисија е таа која што треба да го одговори тоа прашање. Спорно е дали е мрежата легално или нелегално дадена, мрежата што била дадена со некаков договор пред да биде добиена лиценцата што е кривично дело. Јас ги прозивам сите институции една по една без оглед на политичка припадност на раководителот на тие институции да ја работат својата работа.бт/мс/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close