Општински вестиСкопје

Нова водоводна мрежа за ЈП Лајка

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје започна со изградба и поставување на нова водоводна мрежа во должина од 300 метри за потребите на новото јавно претпријатие Лајка, кое е под закрила на Град Скопје.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје започна со изградба и поставување на нова водоводна мрежа во должина од 300 метри за потребите на новото јавно претпријатие Лајка, кое е под закрила на Град Скопје.

– Поставувањето на водоводната мрежа со големина на цевка Ф110 милиметри овозможува услови за основните потреби на ова претпријатие и неговото отпочнување со работа, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Новоформираното ЈП „Лајка“ ќе функционира како претпријатие за хуман третман на животни скитници. аа/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close