Општински вестиСкопје

Нова урбана опрема во Општина Карпош

Општина Карпош постави нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци на повеќе локации и тоа во Козле помеѓу кулите на улицата „Јуриј Гагарин“, кај црквата во Жданец, Тафталиџе 1, Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ и во Карпош 4 на улица „Вич“.

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Општина Карпош постави нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци на повеќе локации и тоа во Козле помеѓу кулите на улицата „Јуриј Гагарин“, кај црквата во Жданец, Тафталиџе 1, Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ и во Карпош 4 на улица „Вич“.

Новата урбана опрема, како што информираат од општината, е поставена на јавни површини, во маалски паркови.

Од локалната самоуправа ги повикува сите граѓани, во овој период да избегнуваат собирања во затворен простор каде што се присутни повеќе луѓе. Препорачуваат кратки прошетки, на свеж воздух и притоа да се почитуваат препораките од здравствените власти во насока на спречување на ширењето на коронавирусот. аа/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close