Дописници МКДОпштински вести

Нова училишна зграда во кичевско Црвивци

Поради несоодветните услови во старата училишна зграда, каде повеќе од 50 години се одвиваше наставата од прво до деветто одделение, општина Кичево одлучи да се изгради ново подрачно училиште во село Црвивци. Изградбата на училиштето тече со планираната динамика и според зборовите на Емин Насуфи, задолжен за образование во општина Кичево, ќе биде завршено до почетокот на новата учебна година.

Кичево, 8 мај 2021 (МИА) – Поради несоодветните услови во старата училишна зграда, каде повеќе од 50 години се одвиваше наставата од прво до деветто одделение, општина Кичево одлучи да се изгради ново подрачно училиште во село Црвивци. Изградбата на училиштето тече со планираната динамика и според зборовите на Емин Насуфи , задолжен за образование во општина Кичево, ќе биде завршено до почетокот на новата учебна година.

-Поради влошените услови за следење на наставата, каде што прокиснуваа таваните и условите за настава беа несоодветни, локалната самоуправа одлучи да се урне старата училишна зграда и на нејзино место да се изгради нов модерен и функционален училишен објект, рече Насуфи и истакна дека општината обезебедила доволно финансиски средства за комплетирање на новиот училишен објект. За изградба на новата училишна зграда  на подрачното училиште„ Милто Гурра“,општината обезбеди 33 789 057 денари, средства кои ќе бидат доволни за целосна финализација на новата училишна зграда, која според планираната динамика треба да биде завршена до почетокот на наредната учебна година

Во ова село наставата од прво до деветто одделение ја следат 45 ученика, а што се однесува до училишниот објект, тој ќе биде на приземје и спрат со површина на основата од 700 метри квадратни во основата, додава Емин Насуфи и појаснува дека во цела општина Кичево континуирано се врши осовременување на училиштата и училишните помагала и во тој поглед оваа општина  е една од водечките во земјава,според стандардите обезбедени во објектите каде се одвива воспитно-образовниот процес.

Дополнително во две училишта во општината, во селата Грешница и Гарани, при крај е изградбата на нови училишни спортски сали, со што истите ќе бидат комплетирани со целокупната неопходна инфраструктура.за/са/

Back to top button
Close
Close