Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Нова стратегија на ЕУ за Африка

Оваа стратегија ќе биде дискутирана со африканските партнери во октомври 2020 година за време на самитот помеѓу ЕУ и Африканската унија.

Брисел, 9 март 2020 (МИА) – Зелена транзиција, дигитална трансформација, траен развој и вработувања, миграција и мобилност и добро владеење се петте клучни области врз кои ЕК и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи ќе ја базираат својата нова стратегија за Африка, објавија денеска високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и комесарката за меѓународни партнерства Јута Урпиланен.

Оваа стратегија ќе биде дискутирана со африканските партнери во октомври 2020 година за време на самитот помеѓу ЕУ и Африканската унија.

Според претседателката на ЕК Урсула ван дер Лејен, оваа стратегија е „патоказот што ќе ни дозволи да одиме напред и да минеме во повисока брзина во нашето партнерство за да се создаде просперитетна иднина, попацифистичка и потрајна за сите”.

За Борел, еден дел од иднината на Европа се одвива во Африка и оттука „потребна ни е силна Африка исто како што на Африка и треба силна Европа”.

Европа сака да и помогне на Африка во еколошката и дигитална трансформација. Со тоа ЕУ сака да промовира инвестиции во Африка кои можат да донесат трајни работни места. Комесарката Урпиланен изјави дека приоритет е младите и жените од африканскиот континент да бидат првите на кои оваа нова стратегија ќе им биде корисна.

 Оваа одлука на ЕУ доаѓа во средбата на ЕК и Африканската унија што се одржа на 27 февруари 2020 година во Абиџан, средба на која дебатираа за идната соработка помеѓу двата континенти. тм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close