Бизнис

Нова понуда за станбен кредит со фиксна камата во првите 10 години

Фиксна каматна стапка од 3,5 отсто во првите 10 години за станбен кредит е најновата понуда на Охридска банка што е достапна од денеска.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Фиксна каматна стапка од 3,5 отсто во првите 10 години за станбен кредит е најновата понуда на Охридска банка што е достапна од денеска.

-Новиот концепт се однесува на станбен кредит со 10 години гарантирана каматна стапка што изнесува 3,5 отсто и е наменет за купување, изградба и реновирање недвижен имот. По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор.
Месечната рата за отплата на кредитот се дефинира од првиот ден и таа останува непроменета сè до истекот на десеттата година од отплатата, соопштуваат од банката.

Појаснуваат дека за кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите 10 години е загарантирана и изнесува 174 евра. Додека по десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор. Па така, ако се земе во предвид моменталната каматна стапка од 5,80 отсто плус шестмесечната стапка на Еурибор, ратата би изнесувала 193 евра.скс/ац/

Back to top button
Close
Close