0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вестиСкопје

Нова опрема за хемиската лабораторија во Секторот за санитарна контрола при скопски Водовод

Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје набави нова опрема за хемиската лабораторија со апаратура за гасна хроматографија и атомска абсорпција на жива во примероци на вода.

Скопје, 4 февруари 2021(МИА) – Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје набави нова опрема за хемиската лабораторија со апаратура за гасна хроматографија и атомска абсорпција на жива во примероци на вода.

-ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски рамки, соопштија денеска од скопски Водовод.

-Во согласност со потребите и прогресивниот развој на лабораториите во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје се пристапи кон набавка на нова опрема за хемиската лабораторија за гасна хроматографија и атомска абсорпција на жива во примероци на вода. Имено, во хемиската лабораторија се инсталираше систем за продукција на ултра чиста дејонизирана вода, кој произведува лабораториска вода Тип 1, Тип 2 и Тип 3 како и атомски абсорбер за анализа на жива, кој е единствен во државата од ваков тип и со кој може да се анализираат примероци во цврста и течна состојба. Со цел исполнување на барањата од Правилникот за вода за пиење 183 од 2018 годна, хемиската лабораторија се доопреми и со Анализер за вкупен органски јаглерод и гасен хроматограф, уникатна опрема со која се изведуваат анализи од параметарот Трихалометани. Паралелно со процесот на набавка на новата опрема се спроведе и обука на персоналот. Со исполнување на овој циклус во хемиската лабораторија, Секторот за санитарна контрола, стана единствена институција во државата во која може да се изведуваат анализи од овој тип, посочува Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Ова е само уште еден доказ, велат оттаму, дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви.фф/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close