0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоПолитика

Нова градинка за згрижување 175 деца се гради во Волково

Нова детска граника со капацитет да згрижи 175 деца поделени во осум занимални (од 0 до 6 години), се гради во Волково, општина Ѓорче Петров

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Нова детска граника со капацитет да згрижи 175 деца поделени во осум занимални (од 0 до 6 години), се гради во Волково, општина Ѓорче Петров.

Увид во градежните работи, кои се во тек, денеска извршија премиерот Оливер Спасовски, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Се очекува ова да биде најсовремена и најмодерна градинка во земјата. Објектот ќе биде штедлив и по сите стандарди. Неговата изградба е почната во февруари годинава, и тој треба да биде завршен за 18 месеци.

-Секое дете заслужува грижа за негов непречен емоционален и психофизички развој, грижа за децата и за нашата иднина и иднината на сегашните и идните генерации. Изминатите три години Владата заедно со локалната самоуправа реализира стотици проекти од директен интерес за граѓаните. Видлива е разлика од претходниот период – ние вложуваме, градиме, се грижиме, рече Спасовски.

За да може да се овозможи еднаков почеток за секое дете и негов правилен развој, потенцира Спасовски, изминатиот период се санирани, реконтруирани, доградени или изградени вкупно 44 детски градинки и центри за ран детски развој, со кои се опфатени околу 3.000 деца.

Обезбедени се, рече, средства во висина од 15 милиони денари за 15 нови инклузивни и енергетско-ефикасни градинки, кои ќе згрижат 7.000 деца. Освен инфраструктурно подобрување, рече, за квалитетна грижа и образование е потребен мотивиран стручен кадар и затоа, потенцира, со реформите направивме историско зголемување на платите на воспитувачите за 27 проценти или во просек за 5.774 денари.

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика истакна дека целата реформа што Министерството ја спровело изминатиот период била насочена кон намалување на детската сиромаштија. Еден од клучните фактори за тоа, потенцира таа, е инвестирањето во раниот детски развој.

-Еден од периоритетите е да се обезбеди квалиутетен и мотивиран стручен кадар. затоа, не работиме само на инфраструктура, туку овозможивме и 2.000 нови вработувања и поголеми плати, рече таа.

Градоначалникот Наумовски, истакна дека во време на владеењето на претходната власт општината Ѓорче Петров 12 години и шест месеци била заборавена и во неа не биле реализирани никакви капитални проекти и инвестиции, особено во инфраструктурата. За разлика од тогаш, овој период се работи интензивно на проекти кои се во интерес на граѓаните. Тоа е нешто, што, како што потенцира Наумовски, жителите на оваа општина знаат да го препознаат, казнат или наградат. сст/дма/

 

 

Back to top button
Close
Close