0_Македонија.ПорталОпштество

Нова градинка во Корешница, Демиркаписко

Во населеното место Корешница, во општина Демир Капија ќе започне со работа нова градинка во која ќе бидат опфатени 40 деца. Тоа е една од 43-те нови и реконструирани градинки со кои Министерството за труд и социјална политика го зајакнува раниот детски развој во изминатиов две и пол годишен период.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Во населеното место Корешница, во општина Демир Капија ќе започне со работа нова  градинка во која ќе бидат опфатени 40 деца. Тоа е една од 43-те нови и реконструирани градинки со кои Министерството за труд и социјална политика го зајакнува раниот детски развој во изминатиов две и пол годишен период.

Многу од градинките се први објекти за згрижување, воспитување и образование на деца, посебно во руралните средини.

-Нам како Министерство за труд и социјална политика деновите кога отвораме градинки ни се најубави. Децата се сé што имаме, тие се иднината на оваа држава. Градинката има многу убаво име „Сонце“, и ќе внесе светлина во најраниот период на осознавање на светот на најмладите. Секое вложување во децата е ставање темел на нивниот натамошен севкупен развој. Со поддршка од Светска банка, до јуни 2024 ќе обезбедиме 7.500 нови места во градинките. Освен што се зголемуваат капацитетите, континуирано работиме на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот што работи со децата. Платите на вработените во градинките се зголемени за 21 процент, што е најголем раст досега, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, при посетата на градинката, заедно со градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров, родителите и дечињата кои ќе ја посетуваат градинката.

Од Буџетот за годинава се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари.

Како што се вели во соопштението од Кабинетот на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика, обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Шкријељ посочи дека со отворањето на нови градинки се јакне и вработливоста, затоа што обезбедената грижа и воспитание на децата во местата каде што живеат, им овозможува на родителите да се вклучат на пазарот на труд.

Градоначалникот на Демир Капија Петров нагласи дека ова е прва градинка во Корешница, но општината во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да вложува во вакви објекти, затоа што на општината и е приоритет најмладите да имаат каде да одат во градинка. Реконструкцијата адаптирањето и опремувањето на градинката „Сонце” во Корешница чинеше 8,8 милиони денари. сст/лв/

Back to top button
Close
Close