0_Македонија.ПорталПолитика

Нова донација за Инфективната клиника, обезбедени 1.300 брзи тестови за откривање КОВИД-19

Обезбедени се 1.300 брзи тестови за откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуството на коронавирусот со што се овозможува забрзување на целокупниот третман на пациентите и се помага во ефикасно спречување на натамошното ширење на инфекцијата.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Обезбедени се 1.300 брзи тестови за откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуството на коронавирусот со што се овозможува забрзување на целокупниот третман на пациентите и се помага во ефикасно спречување на натамошното ширење на инфекцијата.

Се работи за донација на компанијата „ОКТА“ која е во насока на борбат против пандемијата со КОВИД-19 , а е спроведена во координација со Министерството за здравство, согласно нивните проценки за приоритетните потреби на здравствениот систем.

-Ова е трета донација на „ОКТА“ на Клиниката за инфективни болести од почетокот на пандемијата. Свесни сме дека само преку континуирана поддршка и со заеднички напори може да придонесеме за што побрзо пребродување на оваа здравствена криза која има влијание врз сите нас. Со набавка на тестовите за брза детекција на вирусот остануваме посветени на нашата грижа за заедницата, како еден од основните елементи на стратегијата за општествена одговорност на „ОКТА“, изјави главниот извршен директор на „ОКТА“, Вук Радовиќ.

Новата количина тестови се надоврзува на претходната донација на „ОКТА“ од 3.000 серолошки тестови, кои исто така беа набавени за потребите на Клиниката за инфективни болести, како здравствена установа во која се третираат најголемиот број случаи на КОВИД-19.

-Поддршката која константно ја добиваме од бизнис секторот е од огромно значење за здравствениот систем во справувањето со пандемијата. „ОКТА“ беше меѓу првите донатори на медицинска опрема уште на почетокот на кризата, а со обезбедувањето на овие брзи тестови повторно на дело го потврдија статусот на општествено одговорна компанија, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Од почетокот на пандемијата до сега, „ОКТА“ реализраше неколку донаторски проекти наменети за намалување на последиците од здравствената криза, како дел од нејзината стратегија за општествена одговорност. Во текот на мината година компанијата набави неопходна медицинска опрема, а потоа и серолошки тестови за Инфективната клиника, додека на почетокот на новата учебна година беа донирани 30 лаптопи и 10.000 заштитни маски за потребите на основните училишта во Општина Илинден. мд/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close