Дописници МКДОпштински вести

Нова донација од околу 80.000 заштитни маски во Крушево

Донација од околу 80.000 заштитни маски пристигна во Крушево од турската компанија „Алим“. Станува збор за 35 пакети со околу 80. 000 маски.

Крушево, 1 март 2021 (МИА)Донација од околу 80.000 заштитни маски пристигна во Крушево од турската компанија АлимСтанува збор за 35 пакети со околу 80. 000 маски.

Ова е втора донација од заштитни маски за општина Крушево, а како и претходно, заштитните маски ќе се распределат и во општина Долнени.

Од Советот на општина Крушево излегоа со апел за строго почитување на мерките и на препораките за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Битката со коронавирусот сѐ уште не е завршена и секојдневно се забележуваат нови случаи на Ковид-19. За состојбата со вирусот сме сите заедно одговорни и затоа уште еднаш апелираме на строго почитување на мерките и препораките, стои во апелот на крушевскиот општински совет.

Вакцинација на здравствените работници почна и во Крушево. Паралелно со тој процес, велат од Советот, наша должност е да носиме маска, да не се групираме и се дезинфицираме. ем/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close