Дописници МКДОпштински вести

Нова дезинфекција на улиците и јавните површини во Гевгелија

По барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување, заради зголемениот број на новозаболени од корона вирусот, вчера и денеска се изведува нова акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на градот Гевгелија и населените места во општината.

Гевгелија,18 септември 2020 (МИА) – По барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување, заради зголемениот број на новозаболени од корона вирусот, вчера и денеска се изведува нова акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на градот Гевгелија и населените места во општината.

Акцијата е насочена кон спречување на ширењето на Ковид-19, а ја изведува јавното комунално претпријатие во соработка со ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија.

-Апелирам до граѓаните задолжително да носат заштитна опрема и да одржуваат физичко растојание оти само со доследно почитување на препорачаните и пропишани мерки за лична заштита ќе дадеме придонес во намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 во време на пандемијата кога колективното здравје мора да биде наша заедничка одговорност, изјави градоначалникот Сашо Поцков кој раководи со кризниот штаб во Гевгелија. им/са/

Back to top button
Close
Close