Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

НОВА 24: ФБИ истражува сомнеж за перење на ирански пари во Словенија

Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската Влада, објави словенечката телевизија НОВА 24

Љубљана, 14 Јануари 2020 (МИА) – Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската Влада, објави словенечката телевизија НОВА 24.

Телевизијата посочи дека целата операција на перење на парите се одвивала преку Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и траело од 2009 до 2011 година. Во малверзациите била вклучена и српската Влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Телевизијата НОВА 24 веќе побара официјални информации од словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Како што претходно јави МИА, во саботата на љубљанскиот аеродром Брник слета американски таен авион. Според дел од словенечките медиуми со летот пристигнале 20 истражители на ФБИ. ав/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close