ВидеоВидео изјаваЛинк во живоОпштински вестиСкопје

Нов зелен кров во поранешен Дом на градежници

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ или подобро познат кај скопјани како Дом на градежници денеска беше овторен вториот јавен зелен кров, кој се простира на површина од околу 400 квадратни метри со насадени од 30 различни видови на садници.

Скопје, 18 мај 2021 (МИА) – Во Домот на култура „Кочо Рацин“ или подобро познат кај скопјани како Дом на градежници денеска беше овторен вториот јавен зелен кров, кој се простира на површина од околу 400 квадратни метри со насадени од 30 различни видови на садници.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов истакна дека новиот зелен кров е дел од проектот што Градот Скопје го работи со УНДП како „Скопје отворен град“.

– Искуствата покажуваат дека на ваквите површини темпратурите знаат да се намалат помеѓу 16 и 22 степени од тоа што постојано биле и ја зголемуваме енергетската ефикасност во овој објект кој што е во сопственост на Градот Скопје, рече тој.

Идејата на градот, додаде Шилегов, е на оваа површина во текот на летниот период да може да се организира мини отворено кино, таканаречено немо, за да не сметаме на соседството и со слушалки да се гледаат претстави.Тој најави дека деновиве почнува и сезоната на пролетно садење.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан истакна дека ако се гледат глобалните трендови се забележува дека се повеќе луѓе живеат во градовите и посочи оти тоа не е различно ниту тука кај нас, со оглед на тоа дека, како што рече, една третина на земјата живее во Скопје и исто така голем број на граѓани секој ден патуваат во главниот град за работа и други неопходности и работи.

– Можете само да замислите колкав притисок тоа создава во однос на оздржливоста на шивотната средина и давањето на услуги на граѓаните создава дополнителни предизвици за оштините и за администрацијата и затоа УНДП секогаш се обидува да помогне. Во последните години, ние се обидуваме да му помогнеме на Градот Скопје во спроведувањето на мерките што се дел од стратегијата за отпорно Скопје во однос на климатските промени. И овој проект е дел од тие активности, рече Сахакјан.фф/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close