Svet.SlajderСветСвет.Портал

Нов Зеланд ги заостри мерките поради нови случаи на коронавирус

Нов Зеланд  ја продолжи забраната за влез на крузери во земјата и ги заостри карантинските мерки за посетителите откако се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.

Велингтон, 22 јуни 2020 (МИА) – Нов Зеланд  ја продолжи забраната за влез на крузери во земјата и ги заостри карантинските мерки за посетителите откако се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.

Нов Зеланд беше меѓу првите во светот што ги укина сите ограничувања, откако немаше активни случаи.

– Ќе ја продолжиме моменталната забрана за пристигнување крузери, која требаше да заврши на 30 јуни, рече премиерката Џасинда Ардерн на прес-конференција.

Таа додаде дека на товарните бродови и натаму ќе им биде дозволено товарање и истоварање.

Нов Зеланд денеска забележа два нови случаи на Ковид-19 и сега има вкупно девет активни случаи. Сите се ставени во карантин по влегувањето во земјата, а засега нема сознанија за локално ширење на заразата.

Ардерн истакна дека се заострени мерките на границите и дека оние кои се во карантин треба да направат повеќе тестови и мора да бидат негативни пред да излезат од карантинот.

 – За да може лицето да се смета за ниско ризично, пред да излезе од изолација или карантин по 14 дена, треба да се тестира и да има негативен резултат, рече Ардерн.
Во Нов Зеланд имаше вкупно 1.163 заразени, а починаа 22 лица од Ковид-19. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close