Svet.SlajderСветСвет.Портал

Нов Зеланд: 100 денови без ниту еден локално пренесен случај на Ковид-19

- Достигнувањето до 100 дена без локален пренос е важна фаза, но сепак, како што сите знаеме, не можеме да си дозволиме небрежност, изјави директорот на Агенцијата за јавно здравје Ешли Блумфилд.

Велингтон, 9 август 2020 (МИА) – Нов Зеланд има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките.

Во моментов има 23 позитивни луѓе во таа држава, но тие се откриени на граница и веднаш се ставени во карантин.

– Достигнувањето до 100 дена без локален пренос е важна фаза, но сепак, како што сите знаеме, не можеме да си дозволиме небрежност, изјави директорот на Агенцијата за јавно здравје Ешли Блумфилд.

– Видовме во странство колку брзо вирусот може да се врати и да се шири на местата каде што претходно беше под контрола и мора да бидеме подготвени да спречиме секој нов случај во иднина во Нов Зеланд, додаде тој.

Нов Зеланд, каде живеат пет милиони жители, има вкупно 1.219 потврдени случаи на коронавирус од февруари, при што последниот е дијагностициран на 1 мај. Починаа 22 лица.

Нов Зеланд ги затвори своите граници на 19 март. Оттогаш има строга контрола: секој човек што доаѓа во државата треба да биде 14 денови во изолација.

Новозеланѓаните живеат скоро нормален живот, без физичко растојание и со спортски и културни настани што се одвиваат нормално. зш/

Back to top button
Close
Close