Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Нов здравствен биланс за ситуацијата со коронавирусот во Франција: 178 смртни случаи за 24 часа

Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот коронавирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден, јави дописникот на МИА.

Париз, 7 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот коронавирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден, јави дописникот на МИА.

Од први март, кога започнаа да се соопштуваат бројките на смртните случаи од Ковид-19, починале вкупно 25 987 лица од коронавирусот. Од овој број 16 386 смртни случаи се регистрирани во болниците и 9 601 во социјалните и медицинско-социјални установи (домови за нега на стари и изнемоштени лица).

До вечерва, 23 208 лица се уште се хоспитализирани, а 2961 пациенти се уште се на интензивна нега (186 помалку од претходниот ден). Од почетокот на епидемијата, болничко лекување им било потребно на 95 210 лица, а 55027 лица се вратиле дома, како излекувани.

Вкупно во Франција има 137.779 потврдени случаи на „Ковид-19“.

Четири региони, парискиот, централниот, северниот и северо-источниот се најпогодени од вирусот, и заедно претставуваат 72 отсто од хоспитализираните случаи.тг/ссм/

Back to top button
Close
Close