0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Нов заразен од коронавирус во Премиер лигата

Примероците беа земени во понеделник и вторник, и беа најмасовни од сите седум тестови досега. Испитани се 1.213 фудбалери и вработени од сите 20 тима.

Лондон, 10 јуни 2020 (МИА) – Седмиот тест на играчи и вработени меѓу клубовите на англиската елита покажа присуство на заразен со коронавирус, објави Премиер лигата, но не откри детали за пациентот.

Примероците беа земени во понеделник и вторник, и беа најмасовни од сите седум тестови досега. Испитани се 1.213 фудбалери и вработени од сите 20 тима.

Досега, позитивните резултати се вкупно 14 од спроведените 7.487 тестови. Следните примероци се очекува да бидат објавени во сабота.

Натпреварите во англискиот шампионат продолжуваат за точно една недела – на 17 јуни.

Таг
Back to top button
Close
Close