0_Спорт.ПорталОстанато

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата

Меѓународната унија за велосипедизам (УЦИ) во официјалното соопштение за медиумите информира за новите датуми на Тур де Франс 2021.

Париз, 29 јули 2020 (МИА) – Меѓународната унија за велосипедизам (УЦИ) во официјалното соопштение за медиумите информира за новите датуми на Тур де Франс 2021.

Терминот е променет поради совпаѓање со натпреварот во велосипедизам на Олимпијадата во Токио.

Претходно, Олимписките игри 2020 беа одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Тур де Франс 2021 година, првично закажан од 2 до 25 јули, ќе трае од 26 јуни до 18 јули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close